Арсовски: Од три фактори зависи дали Ковачевски и Петков ќе имаат успех

петар арсовски, утрински брифинг
Петар Арсовски, аналитичар / фото: Утрински брифинг/Слободен печат

Има простор за оптимизам за поволен развој на односите меѓу Македонија и Бугарија по средбата на идниот премиери Димитар Ковачевски и неговиот бугарски колега Кирил Петков, но има три фактори што се клучни за тоа дали ќе има исчекор во спорот, оценува аналитичарот Петар Арсовски за „Слободен печат“.

– Првите најави од бугарска страна се оптимистични, но само од страна на премиерот Петков. Не и од страна на бугарскиот претседател Румен Радев кој сѐ уште има критично влијание за решението за овој спор. Тој и со последниот потег, со седницата на Советот за безбедност практично му остави тесно поле за маневар на премиерот. Останува да се види колку ќе може Петков да се отргне од влијанието на Радев, за да издејствува поместување. Кај нас, исто така, состојбата е комплицирана. Двете најголеми партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ манифестираат различни позиции, односно ВМРО-ДПМНЕ се заканува дека ќе го поништи решението што ќе се постигне, ако го сметаат за неповолно. Тоа говори дека е потребно дополнително да се гради консензус кај нас. Затоа, од три фактори зависи како ќе се развиват односите – од тоа колкава слобода ќе добие Петков за да ги наметне своите визии за решавање на спорот, од тоа дали овде ќе се постигне натпартиски консензус и од тоа какво ќе биде самото решение, од кое мора и двете страни да се исто незадоволни, оти во спротивно нема да е одржливо – вели Арсовски за „Слободен печат“.

Тој проценува дека до јуни, до кога трае француското претседателство со ЕУ, нема некои шанси да се тргне блокадата од Бугарија и Македонија да ги почне преговорите за членство со Унијата, но веќе од септември има повеќе можност за тоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот