Арсовски: Нема нови назначувања на други директори, она што циркулира се шпекулации

На прашањето дали наскоро ќе има нови назначувања од третиот ешалон, односно директори на јавни претпријатија и акционерски друштва каде владата именува раководен кадар, со оглед на тоа што премиерот Зоран Заев најави дека тоа ќе се случи во наредните 10-15 дена, портпаролот Арсовски одговори:

-Многу имиња што циркулираат се шпекулации затоа што не се потврдени, а тогаш кога ќе бидат потврдени на Влада, тогаш ќе бидат објавени, рече Арсовски.

Тој повтори дека Сашо Тасевски е реизбран за директор на Бирото за јавна безбедност, Пеце Мирчевски за директор на СОЗР, а Висара Риза е разрешена од вд директорската позиција во  Агенцијата за лекови и на тоа место е именуван Лирим Шабани

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот