Арсовски: Лидија Димова јавно да ги објави рангирањата и бодувањата на проектите (ВИДЕО)

Навршува скоро една недела откако излезе скандалот со сомнеж за злоупотреба на пари во Националната агенција со која раководи Лидија Димова, а се уште нема никаков потег и чекор од страна институциите. Ниту од ЈО, ниту од МВР, ниту од било која друга институција, реагира портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.

-Лидија Димова се уште оди на работа и не дава оставка, се уште зема огромна плата, се уште се вози во две луксузни возила купени на лизинг од близу 100.000 евра земени на лизинг и се уште постои простор да влезе и во друга афера и друг скандал од ваков тип. Односно, доколку навистина има сомнеж за кривично дело во претходниот скандал со фризерницата, се уште постои простор да се повтори такво дело. Затоа Лидија Димова треба да си даде оставка уште веднаш! Дополнително, 6 дена се кријат ранг листите на сите рангирани конкуренти за проекти кои што аплицирале преку Еразмус + програмата- рече Арсовски.

-Зошто Лидија Димова не ги објавува ранг листите на проектите да видиме кој правен субјект со својот проект со колку бодови ги добиле парите? Ако постои сомнеж како што се појави во јавноста дека одреден проект од оние што ги добила фризерницата, не исполнувал критериуми на бодување, а сепак го добил проектот и финансирањето, тоа е голем скандал. Затоа, Лидија Димова треба јавно да ги објави рангирањата и бодувањата на проектите за да се тргне оваа дамка, овој сомнеж од рангирањата, но тоа не ја исклучува од целиот скандал каде што има сомнеж дека се проневерени пари- рече Арсовски.

Арсовски рече дека само по себе е скандал што фризерница добива проект за медиумска писменост и едукација и неколку други проекти во вредност од над 270.000 евра, а не пак рангирањето кое дополнително фрла сериозни сомнежи на целиот процес.

-Затоа бараме оставка од Лидија Димова уште веднаш, да нема ни ден повеќе, ни минута повеќе простор било како да управува и раководи со Националната агенција и бараме ЈО, МВР, Финансиска полиција уште веднаш да отворат случај за овој сомнеж за проневера на пари каде што ќе се доведе до разрешница и крај- рече Арсовски.

Вчера Димова одржа прес-конференција на која им порача на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека не планира да поднесе оставка додека не се открие каде се проневерни 2.2 милиони евра европски пари. 

– ВМРО-ДПМНЕ инсистираше  јас да дадам оставка, но ќе мрорам да ги разочарам, нема да дадам оставка, нема потреба да се тревожат, системот на Брисел функцонира совршено. Јас ќе останам во оваа агенција додека не се разреши дилемата каде се проневерни 2.2 милиони европски пари – нагласи Димова.

Злоупотребата од осум организации во пет различни држави била спроведувана од 2016 до 2018 година од неколку правни лица, кои на потенцијалните корисници на програмата „Еразмус+“ им нуделе услуги за пишување проекти. Потоа, откако проектите се добивале од Националната агенција, целата шема се спроведувала преку наместени јавни набавки, изјави Лидија Димова во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ во јуни годинава. Проследете го разговорот за злоупотребата ТУКА.

Димова: Нема да дадам оставка додека не се открие каде се проневерени 2.2 милиони евра европски пари

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот