Арсовски: Јанева и Заев лице и опачина на иста паричка

димче арсовски

Катица Јанева и Зоран Заев се лице и опачина на иста паричка која што значи криминал. Катица Јанева е рекетарот на Зоран Заев, а Заев e човекот кој и даде највеќе поддршка и стоеше позади нејзе цело време.

Ниту Заев ќе можеше да се богати и да уценува за политичко влијание без Катица Јанева, ниту пак Катица Јанева ќе можеше да рекетира и исто така да се богати без поддршка на Заев и институциите кои ги контролира тој самиот како и раководството на СДСМ.

Затоа, Катица Јанева четири месеци беше оставена на слобода за да ги исчисти трагите кои водат директно до главата на октоподот, за кој сите знаат кој е тој.

Четири месеци наместо истрага, гледаме фарса. Лошо сценарио, од уште полоши сценаристи кои што го смислиле. Вчера УЈП најави дека од утре ќе почнеле да го истражуваат меѓународниот сојуз на Боки 13 преку кој се вршел еден дел од рекетот.

Што ли правеа УЈП четири месеци, зошто токму од утре почнуваат да истражуваат? Дали беа во спрега и УЈП и Финансова полиција и МВР и сите надлежни институции заедно со рекетарите кои што вршеа рекет? Каде беа овие институции цели 4 месеци откако е почната истражната постапка и зошто не соработувале во истрагата бидејќи нивното влијание во истрагата е многу важно и со сите докази кои што можат да ги обезбедат?

Дали на овој начин им се даде време на осомничените да се скријат сите траги од доказите за целиот криминал и рекет кој што беше на очиглед на целата јавност?

Почитувани,

Во Република Македонија нема ниту правда и нема ни да има се додека е Зоран Заев и СДСМ на чело на власта. Законите не важат за СДСМ и законите не важат за Зоран Заев.

Зошто сеуште не е почната постапка и истрага за синот на Катица Јанева, Лазар Јанев за кој знаеме дека е вработен како маркетинг директор во телевизијата на првоосомничениот и за кој има силни сомнежи дека работел со првоосомничениот во делот на рекетот и заедно со него одел по состаноци во фирми, кои што биле предмет на рекет?

Дали со смешните обвиненија за Катица Јанева за стекнат надомест од 4.500 евра во мебел, а милион и пол бил изрекетиран од бизнисмен, Заев пробува да ја амнестира за рекетот кој го правела во негово име? Класична амнестија и намалување на целата одговорност за криминалот кој што го правел. Нормално тоа не смее и нема да помине.

СДСМ и Зоран Заев се паника. И Заев е подготвен сите да ги жртвува за самиот тој да си ја спаси кожата и да не се стигне до главата на октоподот.

Оваа Влада на СДСМ и Зоран Заев повеќе немаат кредибилитет да ја водат Владата на Република Македонија и да одговараат за иднината на граѓаните и државата.

Потребни се предвремени парламентарни избори и потребна е обнова на Македонија која многу брзо ќе се случи по падот на СДСМ.

Прашање: Се случи приведувањето на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Дали вие како политичка партија имате предлог име за тоа? Клучниот момент е тоа кој би можел да ја наследи Јанева според вас. И дали останува уште ставот на лидерот Мицкоски пред неколку месеци имаше предлог име а тоа беше Панчевски?

Одговор: Мислам дека околу тоа име предлог одамна е даден одговорот и таа тема е завршена и нема потреба да се навраќаме. Имаме една нова ситуација каде што главата на специјалното јавно обвинителство е фатена во криминал со рекет. Во моментот за нас е многу важно истрагата да се води праведно, да не се забошотуваат докази и случаи и да се истражат буквално сите оние коишто се инкриминирани, дали се од специјалното јавно обвинителство, дали се од власта, дали се од СДСМ. Да се истражи точно кој се бил во шемата на рекетирање. Така да веднаш штом се истражи, бидејќи тоа е моментално приоритет, да се истражи целата вмешаност на специјалното јавно обвинителство и политичарите во рекетот, веднаш потоа ќе може да се размислува за наследник, меѓутоа законот е повеќе од јасен, кој би можел да биде наследник и во моментов да не заборавиме дека има работна група при која се разговара за нов закон за специјално јавно обвинителство. Доколку бидат прифатени нашите предлози коишто се предложени не од аспект на имиња и персонализација односно персони кои би можеле да бидат на чело, туку предлози во однос на законот како би изгледал за да може да се донесе закон кој би донел неселективна правда за сите граѓани во Република Македонија.

Прашање: Доколку пропаднат преговорите за СЈО и по 15 септември ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува во изготвувањето на тој нов закон за јавно обвинителство?

Одговор: Да им дадеме шанса на преговорите, да видиме како ќе се развиваат и како ќе постапат преговарачките групи. Веднаш штом имаме резултат односно исход од нивните преговори ќе имаме и подоцна став кој ќе бидат нашите следни чекори.

Прашање: Ова би значело, затоа што спомнавте дека не сакате да имате линија на личности кои ќе ги предложите, меѓутоа најчесто се насочувате за клучните работи околу законот, ова би значело дека доколку би се усогласиле за овој закон, законот и да ја има Вилма Русковска дали ќе се согласите?

Одговор: Ние веќе кажавме во однос на Вилма Русковска и мислам дека тоа би требало и вие како медиуми бидејќи вие го пренесовте нашиот став тоа да го знаете. Вилма Русковска е само продолжена рака на Зоран Заев и негова лична желба, таму треба да биде човек кој што ќе се бори против криминалот во Република Македонија, а не човек кој што ќе ја води истрагата на овој начин на кој што се води и да остава простор за цели четири месеци да се прикриваат траги од докази, да се форматираат компјутери, да се форматираат телефони и сите оние постапки кои ги видовме се со цел да се забошотат одредени докази кои што би можеле да стигнат до главата на октоподот.

Прашање: Дали би прифатиле некој од актуелните обвинители на СЈО да биде на чело на обвинителството?

Одговор: За нас како ВМРО-ДПМНЕ најважно е во моментов да се заврши истрагата за сите оние кои што биле инволвирани во случајот „Рекет”, како што знаеме Специјалното јавно обвинителство не е само Катица Јанева, таму има уште многу обвинители, уште многу истражители кои што соработувале секој ден со нејзе и за кои што има реална можност да биле дел од рекетот. Така да ние не би сакале да разговараме во моментов и да одговараме за некој што можеби би бил следен рекетар назначен, од тие луѓе кои што соработувале секој ден со Катица Јанева.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот