Арсовски: Фон дер Лајен беше прецизна дека иднината на Северна Македонија е во ЕУ

Душко Арсовски /фото: Миа

Претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен вчера беше прецизна дека иднината на Северна Македонија е во Европската Унија. Таа од Скопје ја испрати пораката за силна поддршка, оддаде призание за постигнатиот напредок во реформите и рече дека е ангажирана на тоа, до крајот на оваа година Северна Македонија да ги почне преговорите за членство, истакна владиниот портпарол Душко Арсовски на денешната прес-конференција.

Тој, одговарајќи на новинарско прашање, кој е ставот на Владата, откако утрово министерот за надворешни работи Бујар Османи во утрински брифинг рече дека „пораката од Брисел не е добра”, цитирајќи ја вчерашната изјава на Фон дер Лајен, нагласи дека со се што постигнавме, Владата смета дека тоа е целосно заслужено и дека тоа ќе биде најдобра потврда дека политиката на проширување на Унијата не е само декларативна.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот