Арсовска за сообраќајниот хаос: Да се исклучат семафори без најава со часови е крајно несериозно

Данела Арсовска автобус
Фото: Фејсбук, Данела Арсовска

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска се огласи за денешниот сообраќаен хаос во главниот град на државата. Како што стои во нејзината објава на социјалната мрежа Фејсбук, Арсовска смета дека исклучувањето на семафорите без најава со часови е крајно несериозно.

– Да се исклучат семафори без најава со часови за да се направи сообраќаен хаос е крајно несериозно. Сообраќајот е ист како и други денови и нема основа објаснувањето дека дождот е причината за денешната слика од улиците во Скопје каде со часови патуваа до своите домови.

Градот Скопје ќе побара објаснување од МВР за причината за предизвикување на денешниот сообраќаен хаос, пишува Арсовска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот