Арсовска во Истанбул: 12 светски жени лидери со пораки до Владите на глобално ниво

Од овој настан Комитетот кој соработува со претседатели на држави и влади на глобално ниво ја адресира пораката за изедначување на третманот на жените.

Претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска учествува на седница на бордот на Глобалниот комитет на жени лидери.

Од овој настан Комитетот кој соработува со претседатели на држави и влади на глобално ниво ја адресира пораката за изедначување на третманот на жените  Арсовска е член на бордот на Глобалниот комитет во кој членуваат 12 светски влијателни жени, под водство на Свати Мандела, внуката на Нелсон Мандела.

Членовите на Комитетот на жени лидери, се глобално етаблирани, влијателни личности кои со својата решителности и храброст во различните области на делување, бизнис, уметност, политика, претприемништво, дипломатија превзеле значајни мерки за подобрување на улогата и местото на жената. Арсовска е член на бордот, како резултат на интернационалните достигнивања и функција во највисоката позиција во раководството на Светска коморска федерација WCF, која раководи со над 12.000 стопански комори глобално, како една од 3 жени во светот.

Мандела, како жена лидер на 21 век, истакна дека предизвикот за зајакнување на светската економија е во што поголемо учество на жените на пазарот на труд.

– Како жени треба да почнеме да се поддржуваме и да овозможиме секоја жена која тоа го заслужува, да го добие своето место во општеството. Кога ја отпочнав својата мисија, моето лично искуство беше во доменот на политика, но не и во претприемништво за што ми беше потребен ментор. Владите треба да им овозможат на жените претприемачи, поддршка, а тоа често е декларативно, потребни се конкретни чекори”, изјави Мандела

Арсовска на седницата на бордот, истакна дека и покрај тоа што прашањето за еднакви можности е ставено на агендите на владите низ светот, сепак предизвикот останува главно нерешен, а напредок во последните децении на светско ниво е ограничен. Таа смета дека квотите кои постојат во јавниот сектор се доказ дека доколку институционално не се наметне овозможувањето на еднакви услови за напредување, тогаш жените тешко дека ќе постигнат еднаков третман.

– Удираме силно по стереотипите и ги кршиме на ситни парчиња. Глобалниот комитет на 12 жени лидери има македонски претставник со што докажуваме дека малите земји, кои се во развој, не се незначајни во глобалните текови. Успеавме со професионални постигнувања кои никој не може да ги оспори, да се позиционираме и пред претставници на големите и силни економии, кои имаат поголема финансиска и политичка поддршка. Ова е мотив за новите генерации, да стекнат свест и храброст да придонесат за глобални промени и целиот свет да го препознае тоа. Исто е и во однос на прашањето на родовата еднаквост, мора со храбри одлуки и решителни чекори да се кршат стереотипите според кои жените се помалку вредни и значајни. За секоја позиција, главен критериум да не биде родот, туку да се инсистира на меритократија и квалитет”, вели Арсовска.

На седницата се дискутираше за предизвиците на денешницата со конкретен стратешки план за делување во следните две години. Во рамки на официјалната посета на Истанбул, Арсовска е и панелист на Глобалниот самит на жени лидери, каде на високо ниво се присутни повеќе од 500 еминентни личности од политиката, економијата и науката на светско ниво.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот