Арсовска: ВМРО и СДСМ прават хаос во Скопје за да дефокусираат од здружената измена на Уставот

Фото: Телма / принтскрин

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска во вечерашното гостување во „Топ тема“ на „Телма“ ги обвини ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ дека се здружиле за да ја блокираат нејзината програма. Арсовска вели дека причина за тоа е што од самото осамостојување на државата, „на граѓаните им се продава гол популизам од страна на секој премиер, министер и градоначалник“.

„Многу е тешко кога имате две најголеми политички партии во Македонија, коишто имаат само еден заеднички непријател во овој момент. Мое лично мислење е дека тие се фокусираат да прават хаос низ Скопје и да не ги гласаат проектите затоа што сакаат да ја дефокусираат јавноста од вистинските проблеми во државата, а тоа е како здружено да го сменат Уставот, но тоа е друга тема. Оваа тема е, доколку сакаат да се реализираат, тие треба да гласаат во тој Совет, а јас како знам и умеам ќе ги реализирам сите оние проекти кои што ги имам ветено пред граѓаните“, рече арсовска.

Иако беше повеќепати прашана, градоначалничката не сакаше да открие како толку брзо се распадна нејзината соработка со ВМРО-ДПМНЕ, партијата со чијашто поддршка беше избрана на функцијата. Откако ја поддржаа на локалните избори, Арсовска ја обвини најголемата опозициска партија дека нејзините директори биле „фатени со рачињата во медот“, а претседателот на партијата Христијан Мицкоски го нарече „рекет број еден“ во Македонија.

„Немам потреба метафорите да ги образлагам, ако на цела Македонија, на два милиони граѓани им е јасно за што јас зборувам, немам потреба што понатаму да образложувам,“ рече Арсовска.

Од мене оставка нема да видат, порачува Арсовска

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот