Арсовска: Треба да го слушнеме гласот на младите, тие имаат модерна визија за Скопје

Фото: МИА

Независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје Данела Арсовска вечерва се сретна со млади во Градскиот парк, со кои разменија размислувања за Скопје, какво е сега, а во каков град тие сакаат да живеат.

– Градот ќе биде место каде ќе имате исполнета и среќна младост, со содржини и младински центри што ќе ви овозможат да се развивате, лично и професионално. Ќе има места каде ќе можете да се изразите, да се поврзете, дружите а истовремено и ќе учите и ќе се наградите со знаење. Ќе се овозможи заживување на културната, музичката и воопшто мултимедијалната сцена, наспроти сегашната зачмаеност, забавни содржини со интерактивен концепт, наспроти едноличната културна програма, отвореност на градот за современите и алтернативни културни движена и создавање услови каде и вие самите би можеле да се вклучите и ќе ја создавате оваа сцена во вашиот град. Заедно, со вас и вашите идеи ќе го создаваме современо и модерно Скопје, им порача Арсовска.

Арсовска со младите дискутираше на сите теми и работи што им недостигаат во забавниот и културниот живот. Младите дадоа идеи како би можел да се смени и подобри со дополнителни содржини и истакнаа дека за создавање на модерно и современо Скопје, потребно е да се пристапи интердисциплинарно и да се вклучат сите форми на израз.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот