Арсовска тајно го исплатила долгот кон приватните превозници, ама нов договор не потпишува, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стефан Андоновски, секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ
Стефан Андоновски, секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ / Утрински брифинг

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска тајно го исплатила милионскиот долг на Градот кон приватните превозници, но не потпишува нов договор и со тоа го држи градот „во клинч“, обвини денеска советникот од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје, Стефан Андоновски.

„Треба да се знае дека ние бевме првата советничка група што го отвори прашањето за тоа дека на Скопје му се случува сообраќаен колапс и побаравме одговор од градоначалничката зошто ги прекинува договорите со тогашните приватни превозници без воопшто да има обезбедена алтернатива. Тогаш бевме обвинети дека штитиме приватни интереси наспроти интересите на Градот, за денеска да дознаваме дека таа тајно ги исплатила сметките или долговите што Градот и ЈСП ги имале кон овие приватни превозници, но нов договор не потпишува и градот го држи во еден клинч, изјави Андоновски.

Тој рече дека ЈСП се обидува да покрие она што покривале и повеќе од стотина автобуси и оти градоначалничката Арсовска рекла дека градот нема да биде блокиран, но додаде дека граѓаните не можат да стигнат на своите работни места, со саати се чека на автобуските постојки, а автобусите се преполни.

– Ми се чини се додека е оваа администрација во Градот Скопје тешко дека ќе се наоѓа решение со приватните превозници, рече Андооновски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот