Арсовска: Состојбата е влошена, компаниите секојдневно запаѓаат во долгови (ВИДЕО)

Изготвување протоколи за работа за сите дејности без исклучок, овозможување побрз проток на границите и задржување на постојните или склучување нови договори за извозно ориентираните компании и финансиски пообемна поддршка со претстојниот четврти пакет економски мерки, бара Сојузот на стопански комори (ССК).

Како што изјави денеска претседателката на ССК Данела Арсовска пред средбата со министерот за економија Крешник Бектеши, неопходно е државата да помогне за да преживее бизнисот, посебно фирмите кои во претходните години вложуваа многу.

-Состојбата е влошена, компаниите секојдневно запаѓаат во долгови, а не отпуштија вработени со надеж дека ситуацијата ќе се подбри, истакна Арсовска.

Според министерот Бектеши, максимално ќе се излезе во пресрет на компаните и веќе се прават проценки  кога да се изготви ребелансот на Буџетот со што ќе се обезбедат средства за четвртиот пакет антикризни мерки.

Одговарајќи на новинарски прашања во врска со евентуално затворање на угостителските објекти поради зимската сезона и можноста од проширување на ковид пандемијата, Бектеши реше дека тоа засега не е тема на разговор.

Средба на министерот за економија Бектеши до ССК

Publiée par MИА.mk sur Jeudi 10 septembre 2020

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот