Арсовска: Скопјани немаат време за чекање уште четири години за некој да се сети на нив

Данела Арсовска/ Фото: МИА

Независниот кандидат за градоначалник на Град Скопје Данела Арсовска вечерва ги посети жителите од скопско Шуто Оризари пред кои ја презентираше својата програма за модерно Скопје.

-Недозволиво е во 21 век општина којашто се наоѓа во главниот град да има неасфалтирани улици, луѓето да газат по кал, без водоводна и канализациска мрежа. Нема тротоари и улиците не се безбедни ниту за возрасните, а уште помалку пак за децата. Едноставно, ова се проблеми кои треба да бидат оставени во минатиот век. И граѓаните со кои секојдневно се среќавам не бараат многу. Бараат нормални услови за пристоен живот како што заслужува секој еден граѓанин. И должност на секој градоначалник е да го овозможи тоа, изјави Арсовска по средбата со жителите од Шуто Оризари.

Таа вети дека уште од првиот ден по изборите ќе се зафати со решавање на овие, како што рече, суштински проблеми.

Скопје и скопјани немаат време за чекање уште четири години за некој да се сети на нив. Со брзи и ефикасни решенија Скопје ќе биде метропола како што секој од нас посакува и заслужува да живее во неа, рече Арсовска.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот