Арсовска: Шилегов да даде отчет каде ги потроши 12 милиони евра од продажбата на Градската куќа

Петре Шилегов Данела Арсовска
Петре Шилегов и Данела Арсовска / Фото: МИА

Независната кандидатка за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска тврди дека актуелниот скопски градоначалник Петре Шилегов, објавил оглас за купување нова градска куќа, „противзаконски и сред избори”. Според неа, за оваа цел се планирани 11 милиони евра.

– Наместо да се потрошат 11-те милиони евра за нови луксузни канцеларии за градоначалникот, тие средства ќе ги вложиме во креирање иднина за младите. Во време кога младите заминуваат од земјава, во време кога многу малку се вложува во нивната иднина, во време кога имаме толку несредени работи во Скопје, на градоначалникот во заминување му е приоритет токму набавката на простор за луксузни канцеларии за него, рече Арсовска.

Арсовска најави дека како иден градоначалник ќе вложи во креирање подобра иднина за младите. Таа ветува дека дел од овие 11 милиони евра би ги пренаменила за реновирање на старата касарна во Аеродром, којашто во соработка со општина Аеродром би била претворена во центар за софтверски инженеринг и хаб за иновативни ИТ стартап компании.

– Ќе финансираме реновирање на овој центар каде младите ќе имаат можност да ги надградуваат своите вештини и да градат кариера во најбрзо растечкиот сектор во земјава. На овој начин ИТ стартап компаниите ќе имаат свои канцеларии, а младите нови можности за развој. Лицата кои имаат желба да се едуцираат во областа на изработка на софтвер и програмирање во ИКТ индустријата, како најбрзо растечка и најдобро платена индустрија, ќе имаат силна поддршка од градот Скопје и од мене како негов нов градоначалник”, потенцираше Арсовска.

На прашање на МИА, кој е планот на Данела Арсовска, за градската куќа кога веќе јавно се познати условите во кој што работат вработените во актуелните бараки, таа одговори дека за нејзе екстремно чудно веќе имаше готова градска куќа и истата е продадена.

– И сега во овие услови во каква фаза е надвор градот не сака даде отчет каде ги потроши тие 12-те милиони евра, а огласот кој е објавен незаконски токму среде избори кажува дека 11 милиони евра ќе намени за оваа цел и ќе ги плаќа на раати. Редно време некој да каже што правеше четири години, да обезбеди подобри услови за овие луѓе кој што работат таму. Градската администрација треба да е силно мотивирана. Имам навистина добар план како тоа да го направам, меѓутоа не преку ненаменско трошење на парите на сите Скопјани, ветува Арсовска.

Таа нагласи дека сите требат да бидат задоволени, градската администрација треба биде силно мотивиранљ, меѓутоа и силно мотивирана за да даде квалитетни услуги на сите скопјани.

– Најважно од се е сите решенија што ќе ги направиме, ќе ги направиме заедно со сите Скопјани. Нема ненаменски да ги истрошиме нивните пари. Прво ќе истражиме како и зошто се продаде Градската куќа за 12 милиони евра и каде отидоа тие средства и да видиме како тие средства се потрошија, да побараме отчетност и одговорност за тие пари на скопјани. Со месеци бараме одговор на тие прашања, но одговори немаме, рече независната кандидатка за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска.

Извор: МИА

Видео на денот