Арсовска повторно остана без нови автобуси, градскиот Совет по вторпат ѝ кажа „не“

Фото: Слободен печат/Д. Митрески

Советниците на денешната седница повторно ја одбија предлог одлуката на градоначалничката Данела Арсовска за набавка на еколошки автобуси со задолжување во некоја од домашните банки. Во дискусијата по оваа точка од дневниот ред се поставуваа различни прашања, се развија бројни дилеми најмногу околу бројот на автобуси којшто би се набавил, како тие би се вклучиле во возниот ред, но и што се случува со проектот за БРТ, кој сѐ уште чека за реализација.

Градоначалничката објасни дека станува збор за набавка на автобуси со кои би се замениле старите и дотраени возила, исто како што се направило во 2019 година. Повторно посочи дека на скопјани им е потребен квалитетен градски превоз, па дури и им понуди на советниците да учествуваат во изборот на банката каде тоа задолжување би се договорило. Одговори и за тоа што се случува со брзиот автобуски превоз.

Што се однесува до проектот за БРТ имаше недоследности, имаше недостатоци, во самиот идеен проект имаше над 100 – тина детектирани недостатоци. Најголемиот дел од нив се разрешени. Најважно е дека процесот продолжува. Ние од самиот почеток кажавме дека нема да бидеме градски Совет нити градоначалник што ќе руши туку ќе работиме. Нема да рушиме, нема туѓото да го превенираме, туку ќе работиме. Сето она што од БРТ беше корегирано и поправено може да продолжи да се реализира, има обезбедено финансирање. Повеќе нема никакви пречки да се реализира – рече Арсовска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот