Арсовска: Овој град ќе биде гордост за сите нас

Данела Арсовска
Данела Арсовска / Фото: Фејсбук, Данела Арсовска

Времето на неработниците и на оние што даваат лажни ветувања а ништо не исполнија од тоа што ветија, е завршено. Сега ќе имате свој човек, поточно жена, која ќе овозможи вратите на градот секогаш да бидат отворени и за секоја потреба да се најде решение, им порача независната кандидатка за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска, на граѓаните од Кисела Вода.

На денешната средба, Арсовска на граѓаните од „11-ти Октомври”, Македонија парк, Пржино и Црниче им престави како Кисела Вода ќе стане урбана населба според програмата што ја нуди.

„Програмата е направена според вашите потреби, секојдневните проблеми, маки и барања за решенија. И затоа ќе почнеме да работиме уште од првиот ден и за 82 дена ќе биде многу направено, што некој не успеал да направи ни за четири години, ние тоа ќе го направиме за 82 дена. А останатиот дел, поголемите и покрупни проекти ќе бидат решени уште во првата половина од мандатот. Ако нешто се сака и се може, а сите овие барања се потребни и затоа проектите се реални и остварливи“, истакна Арсовска.

Таа им порача на жителите на Кисела Вода дека обврска на Град Скопје е генералниот план да им го даде на увид на граѓаните, да знаат што се планира и што ќе се гради во иднина.

„Овој град треба да биде отворен за сите, да може секој да најде одговор на своите барања и да си го реши проблемот, без чекање, без одлагање. Имам цел а и задача да направам овој град да биде гордост за сите нас“, порача Арсовска.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот