Арсовска од Сарај: Скопје повторно ќе биде град на соживот, соработка и солидарност

Данела Арсовска
Данела Арсовска / Фото: Фејсбук, Данела Арсовска

Скопје повторно ќе биде град на соживот, соработка и солидарност. Скопје ќе има ред во сообраќајот. Достапен и ефикасен јавен превоз. Ќе биде град во кој ќе нема заборавени населби и населени места, порача на денешната средба со граѓаните на Сарај независната кандидатка за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска.

– За сите населени места во Сарај ќе донесеме посебна програма со ургентни приоритети со кои ќе се решат клучните проблеми во делот на инфраструктурата, водовод, канализација. Конечно ќе се изгради нов кружен тек на влезот на Сарај и ќе се поврзе Матка со автопатот и обиколницата. Со целосно бесплатен јавен превоз за граѓаните на Скопје и 250 нови еколошки автобуси во еден мандат, сите населени места ќе бидат поврзани со квалитетен автобуски превоз, истакна Арсовска.

Арсовска во разговор со граѓаните посочи дека Сарај е очигледно заборавена општина од градот Скопје, бидејќи им бил ветен нов кружен тек на влезот на Сарај за регулирање на сообраќајот, ревитализација на спортско рекреативниот центар „Сарај“ и езерото Треска, но, тоа, како што рече, не е реализирано.

– Истиот тој пред четири години ви вети поврзување на Матка со автопатот. Нема ништо и од тоа ветување. Ви вети и водоводна и канализациска мрежа во населените места во Сарај. Денес гледаме дека и тоа е лага, сѐ уште во Сарај има места кои немаат асфалтирани улици, немаат чиста вода за пиење. Овие големи ветувања – се и големи разочарувања, потенцираше Арсовска.

Извор: МИА

Арсовска: Индустриската зона Визбегово ќе има ист третман како и другите индустриски зони

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот