Арсовска очекува „навистина позитивни промени“ во новата година

Данела Арсовска
Данела Арсовска / Фото: ВМРО-ДПМНЕ

„За Скопје и Македонија помина уште една година со сериозни предизвици, како резултат на здравствената, енергетската и економската криза. Нашето Скопје мора да биде модерен европски град, метропола каква што граѓаните заслужуваат. Вo Новата година не очекуваат навистина позитивни промени“, вели градоначалничката на Скопје Данела Арсовска во новогодишната честитка до скопјани.

„Почнуваме да го реализираме ветеното во програмата, домаќински, без ниту еден денар на граѓаните да биде потрошен на непродуктивни трошоци. За само 50 дена покажавме дека со малку средства и многу труд, со желба и посветеност можеме да направиме сериозни резултати кои значително го подобруваат животот на скопјани“, вели градоначалничката.

„Исчистени се преку 120 диви депонии, барањата на пожарникарите конечно влегуваат во колективен договор, пуштена е во функција жичарата на Водно, воведовме ноќни автобуски линии, градот станува транспарентен и за прв пат седниците на советот на Градот се пренесуваат во живо, поставуваме и пристапни рампи за лицата со попреченост во сите градски институции. Во новата година ќе продолжиме да работиме како што започнавме, енергично, чесно и посветено за програмата и проектите да станат реалност. Дозволете ми искрено и од срце да ви ја честитам 2022 година и да ви посакам спокој, здравје и среќа во годината која што е пред нас“, порачува Арсовска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот