Арсовска: Немам бугарско државјанство, не сум донирала пари на партија

Данела Арсовска во гостување на ТВ24 / 26 октомври 2021 / фото: ТВ24/принтскрин

Кандидатката за градоначалничка на Скопје поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, во вечерашното гостување на ТВ24 ги демантираше информациите кои денеска ги објави СДСМ дека таа поседува бугарски пасош.

„Каде се информациите дека сум била донатор на политичка партија, каде се информациите дека наводно сум била муслиманка? Знам во каква борба влегувам и знам дека немам ниту една дамка, а тие имаат многу што да изгубат, рече Арсовска.

Објаснувајќи зошто одбива да се појави на телевизиски дуел со Шилегов, Арсовска рече дека актуелниот градоначалник и нејзин противкандидат „лично ја напаѓа, се обидува да ја дисквалификува, ги негира нејзините квалификации и ја деградира“. Шилегов на градоначалничкиот профил објавува видеа со кои ја исмева како личност, вели таа.

„И тој смета дека тоа е демократија, а тоа што не сакам да седнам на маса со него не е демократија. Шилегов не го разбира концептот на демократија. Треба да ми се извини затоа што човечки е да се извините ако згрешите. Како второ, до овој момент верувам дека тој не е достоен човек за да биде градоначалник,“ рече Арсовска во емисијата „24 анализа“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот