Арсовска не прифаќа дуел со Шилегов ако тој не ѝ се извини
Кандидатката за градоначалник на Скопје која настапува со поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, вечерва во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма рече дека не одлучика да прифати дуел, туку се одлучила за интервју, поради тоа што го повикала градоначалникот Петре Шилегов да ѝ се извини за личните навреди, но тој сѐ уште не го сторил тоа.
Таа го обвини Шилегов дека користејќи го официјалниот градоначалнички профил на Фејсбук, „упатувал навреди во текот на целата кампања“.
„Континуирано бев предмет на лични деградации, не само од него, туку и од неговиот лидер и приврзаници. Доколку се одважи да се извини во наредните денови, ние ќе имаме дуел уште истиот ден. Не е страв, туку барам извинувања“, рече Арсовска.