
Арсовска: Насилниците кои тепаа инспектори се уште се на слобода
Градоначалничката на Скопје попладнево преку социјалните мрежи реагираше на тоа што полицијата се уште не презела ништо за како што посочи лицата кои нападнале инспектори на Град Скопје
Препорачано
„Добар ден Министерство за внатрешни работи / Мinistria e Punëve të Brendshme, би сакале да Ве информираме дека лицата кои пред извесно време им нанесоа тешки телесни повреди на инспекторите од град Скопје поради кои нашите вработени завршија во Ургентен центар, лицата кои извршија насилие со физички напад со метални шипки бидејќи беа фатени за креирање депонија и нејзино палење на улица Скупи, сеуште се на слобода. Истата банда која повеќе пати е затекната во вршење на дела со кои ги загрозуваат животната средина и здравјето на граѓаните, си продолжуваат со своите активности континуирано дополнети со насилство и закани, напиша Арсовска
Таа побара помош од скопјани за да се истера правдата до крај.
„Било кој друг да е фатен за истиве дела до сега експресно ќе беше изведен пред лицето на правдата и со судска пресуда казнет за тоа што не труе секој ден. Бидејќи по официјални пријави не се постапува, ги повикувам сите скопјани да го пријават настанот и да побараме правда!!!
Таа се пофали дека градот Скопје исчистил над 300 депонии. За почист град реагираме само ние дополни Арсовска
„Над 300 исчистени диви депонии и досега единствено градот Скопје секојдневно реагира, додека останатите не постапуваат иако за истото имаат законска обврска. Покрај Инспекторатот на Град Скопје, во градот има уште вкупно 14 институции кои имаат надлежност и обврска да постапуваат при загадување на животната средина и загрозувт Скопје ање на здравјето на граѓаните меѓу кои Министерството за животна средина, Министерството за внатрешни работи, Државниот инспекторат за животна средина, Државниот градежен инспекторат, инспекциските служби на 10те општини во град Скопје. Град Скопје во минатата година поднесе повеќе кривични пријави за исфрлање и согорување опасен отпад и загрозување на животната средина, за кривична одговорност против сторители затекнати како исфрлаат опасен отпад, азбестни плочи и друг градежен отпад, меѓу кои и опасен канцероген отпад во зелен појас со што се нагрдува градот и доведува во опасност на животот и здравјето на скопјани. Инспекторите на Град Скопје продолжуваат со засилениот инспекциски надзор на терен 24 часа, со цел намалување на аерозагадувањето и заштита на животната средина. Неселективно се изрекуваат казни за сите што не го почитуваат законот, ја загадуваат животната средина и го загрозуваат здравјето на граѓаните. Во изминатата година, градот Скопје има повеќе надзори и казни од сите останати општини заедно, а изречени се казни од 9 до 100 илјади евра за правни лица и соодветни казни против физички лица кои се затекнати како креираат диви депонии, ги палат и го прекршуваат законот, напиша Арсовска.