Арсовска: На 1 Мај се одбележуваат континуираните заложби за унапредување на работничките права и солидарноста

Данела Арсовска градоначалник на Скопје / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска денеска упати честитка по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот.

-На Меѓународниот ден на трудот секоја година се одбележуваат континуираните заложби за унапредување на работничките права и солидарноста за обезбедување соодветно вреднување на вложениот труд. За неколку месеци успеавме да отпочнеме значајни реформи, да склучиме нов колективен договор, со кој се проширија правата на вработените во градската администрација, каде сега се вклучени и пожарникарите на скопската противпожарна бригада кои заслужуваат почит и соодветна валоризација, наведува во честитката Арсовска.

Не застануваме тука, најави Арсовска, заедно се залагаме и за измени на законската регулатива, која е неопходно да се подобри со цел овозможување соодветно вреднување на сите вработени во градската администрација, кои вложуваат максимални напори за обезбедување подобри услуги за граѓаните.

-Благодарност до вработените во Град Скопје кои неуморно се грижат градот да функционира секој ден и кои со многу волја, посветеност и труд го даваат најдоброто од себе за Скопје, се вели во честитката идАрсовска по повод 1 Мај. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот