Арсовска: Ќе формираме национален регистар на лица со посебни потреби и ќе отвориме Центар за грижа

Данела Арсовска
Данела Арсовска со претставници од здружението „Ресурсен Центар на родители на деца со посебни потреби” / Фото: Фејсбук, Данела Арсовска

Независната кандидатка за градоначалник на Скопје Данела Арсовска, денеска се сретна со претставници од здружението „Ресурсен Центар на родители на деца со посебни потреби” на којашто, како велат од нејзиниот тим, таа се обврза на отворена, транспарентна и континуирана комуникација со цел изнаоѓање решенија за клучните проблемите на оваа категорија граѓани.

Родителите едногласни дека иако според законот има инклузија, сепак во пракса, ситуацијата е поинаква. Тие се пожалиле дека наместо прифаќање, лицата со попреченостсе соочуваат со дискриминација и стереотипи.

Од тимот на Арсовска истакнуваат дека недостасува и стручна едукација за родителите, како и формирање посебен Центар за грижа, во служба на поддршка на родителите во којшто ќе бидат вработени стручни лица, коишто ќе работат со лицата со посебни потреби и ќе ги унапредуваат нивните потенцијали.

– Концептот за еднаквост е само модел на хартија, затоа што во реалноста нештата се далеку поразлични. Во Скопје, па и во целата држава не смее да има бариери кога се во прашање лицата со посебни потреби. Напротив, треба уште повеќе да се крене јавната свест за прифаќање на овие лица и да им се овозможи исполнување на нивните права во сите сфери од општествениот живот. Ќе формираме регистар на лица со попреченост што би имал позитивни буџетски импликации и таргетирани сервисни системски поддршки. Исто така, предвидувам и отворање на Центар за грижа што ќе работи во рамките на унапредување на квалитетот на животот и на родителите и на нивните деца. Ќе биде донесено и инфраструктурно решение што ќе овозможи полесен пристап во повеќе јавни места во Скопје, истакна Арсовска на средбата.

Таа се заложи за отворен дијалог и соработка со цел унапредување на правата на лицата со посебни потреби и олеснување на проблемите со коишто се соочуваат нивните родители, како и поголем слух од страна на градските и општинските служби.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот