Арсовска ќе бара решенија и за проблемите на приватните превозници

Градоначалник на Скопје Данела Арсовска/ Фото: Фејсбук

Независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска се сретна со претставници на Здружение на приватни превозници и разговараше за прашања од нивни интерес.

На средбата, како што соопшти прес-службата на кандидатката, се разговарало за актуелни прашања од нивната дејност, како превозниците функционираат и посебно сега во услови на здравствено-економската криза.

Директорот на Здружението на приватни автобуси „Слободен превоз”, Ленин Јовановски ги пренел искуствата и предизвиците за работата во услови на кризата. Тој посочил и дека се соочуваат со голем проблем, затоа што имаат мал обем на работа и ги прави неисплатливи, трошоците се големи, заработката е многу мала.

Здружението се пожалило пред Арсовска и за нерамномерната распределба на линиите, односно како ЈСП нема доволни автобуси за да ги покрие сите линии, а истите не ги дава на приватните, како и за лошата соработка со институциите, не постоење на дијалог кој е клучен за решавање на проблемите.

– Со редовни работни средби на кои отворено ќе разговараме за сите проблеми со кои се соочувате, ќе направиме систем за работа со зачестени линии, секое населено место да има превоз, да има повеќе автобуси за да се растерети гужвата со која се соочуваат граѓаните секојдневно, изјави Арсовска.

Како заклучок на средбата, додаваат во соопштението, е дека треба да се интензивира соработката со градската власт со формирање работни групи што ќе ги земат предвид ставовите на сите засегнати страни и ќе се изнајдат ефикасни и брзи решенија во насока на решавање на проблемите на приватните превозници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот