Арсовска: Индустриската зона Визбегово ќе има ист третман како и другите индустриски зони

Данела Арсовска Визбегово
Претставниците на компаниите побарале од Арсовска уште во првите 60 дена кога ќе стане градоначалник, заедно да седнат и да направат акциски план за работење на зоната / Фото: МИА

Независната кандидатката за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска на денешната средба со претставници на Здружението на индустриската зона Визбегово посочи дека ќе ја прошири зоната со подобрување на инфраструктурата и оти ќе има ист третман како и другите индустриски зони.

Индустриската зона Визбегово се наоѓа во три општини – Бутел, Чучер-Сандево и Карпош.

– Како веќе докажан менаџер ги ценам напорите и залагањата на претприемачите од оваа зона кои се од големо значење како од економски, но и од социјален аспект. Со подобрување на инфраструктурата ќе ја прошириме зоната и ќе направиме место за уште повеќе компании да станат дел од неа и да отвориме уште 1000 нови работни места за нашите сограѓани. Оваа индустриска зона ќе има ист третман како и другите индустриски зони, изјави Арсовска на средбата.

Стопанствениците на средбата посочиле дека имаат одлична местоположба, но треба да се подобрат условите во зоната, во однос на инфраструктурата, иако располагаат со многу просторни можности, како и подобрување на целокупната економија.

Претставниците на компаниите побарале од Арсовска уште во првите 60 дена кога ќе стане градоначалник, заедно да седнат и да направат акциски план за работење на зоната.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот