Арсовска го победи Шилегов со 28 илјади повеќе освоени гласови

Данела Арсовска и Петре Шилегов
Данела Арсовска и Петре Шилегов/ Фото монтажа: Златко Зец

Државната изборна комисија (ДИК) ги соопшти првичните неофицијални резултати од вториот круг од локалните избори, според кои Скопје и 43 општини во земјава добија градоначалници. Според објавените првични податоци, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ во вториот круг од локалните избори освоија градоначалнички места во 20 општини, и тоа во Битола, Брвеница, Василево, Вевчани, Гевгелија, Демир Хисар, Зелениково, Конче, Кочани, Кратово, Лозово, Македонска Каменица, Македонски Брод, Ново Село, Пехчево, Охрид, Ранковце, Ресен, Чешиново-Облешево и Радовиш. Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, предводена од СДСМ, освои градоначалнички места во седум општини – Демир Капија, Пробиштип, Росоман, Старо Нагоричане, Чашка, Чучер-Сандево и Центар. Седум градоначалнички места во вториот круг освои и ДУИ, и тоа во Арачиново, Боговиње, Долнени, Кичево, Струга, Теарце и Чаир. Алијансата за Албанците и Алтернатива ќе има градоначалници во Врапчиште и Гостивар, а БЕСА во Желино и Тетово. ГРОМ победи во Карпош, ДПА во Студеничани, а коалицијата на ЛДП-ДОМ – во Шуто Оризари. Независни кандидати победија во Дебрца, Куманово и Скопје.

Сега веќе поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, победи само во три општини, Центар, Сарај и Чаир. Скопје за првпат ќе има жена-градоначалник, откако независната кандидатка Данела Арсовска, која беше поддржана од опозициската коалиција, победи со 28.083 повеќе освоени гласови од Шилегов. Таа освои 118.749, а Шилегов 90.672 гласа.

Претседателот на ДИК Александар Даштевски изборите ги оцени како успешни, на кои за првпат беа употребени уреди за отпечаток од прст.

– Вториот круг помина речиси 100 проценти успешно и понатаму очекуваме усовршување на овој процес. Беше битно да се почне, секогаш има детски болести, меѓутоа ако не почнеме, ќе може да заостанеме во целокупниот развој, а се работи за прилично важна категорија за развој на демократијата – изјави Даштевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот