Арсовска ги повика советниците да престанат со блокади и да работат за граѓаните, а не за политичките лидери

Градоначалничката Данела Арсовска денеска, пред почетокот на седницата на Советот на Град Скопје, ги повика советниците да покажат дека работат во интерес на граѓаните, дека не се водат од теснопартиски и лични интереси и да гласаат за проектите ѓто се дел од програмата за модерно Скопје, кои се важни и ќе го подобрат животот во градот.

Еден од предлозите за кои советниците денеска треба да се изјаснат е и субвенционирањето при набавка на возила на хибриден погон за граѓани и такси компании.

– Ова е пилот проект кој за прват се имплементира во Македонија и со кој Град Скопје ќе субвенционира по 200 000 денари по возило. Проектот е дел од ветувањата за модерно Скопје, а во оваа фаза го лансираме како пилот проект со кој се детектираат потребите и интересот на граѓаните за него. На овој начин ќе се придонесе за дополнително намалување на аерозагадувањето особено во сегментот на испусни и издувни гасови во воздухот од возилата, а истовремено има компонента и за поттик на модернизација на јавниот такси превоз во главниот град по примерот на европските метрополи – нагласи Арсовска.

Таа побара и поддршка за набавка на нови еко – автобуси што треба да ги заменат старите и дотраени, со што ќе се подобрат условите во јавниот превоз и ќе се придонесе за заштита на животната средина.  Арсовска нагласи дека и ова е дел од програмата за модерно Скопје, која беше поддржана од повеќето советници кои денеска треба да гласаат. Градоначалничката побара од советниците да гласаат и за одлуките за меѓуопштинска соработка со општините Центар, Шуто Оризари и Гази Баба.

Според градоначалничката, најважно е да се види дека не се работи тргнувајќи од теснополитички и лични интереси, туку треба да се работи за граѓаните.

– Блокирањато од страна на советниците, морам да кажам, дека не ме спречуваат мене како градоначалник. Јас ќе продолжам да работам и сето она што е ветено пред граѓаните ќе се реализира, меѓутоа ова блокирање значи блокирање на оние проекти што граѓаните очекуваат во пократок рок да бидат реализирани. Затоа блокадата, поради инаетењето на нивните партиски лидери кои се обидуваат да ги саботираат процесите во Градот Скопје, не овозможуваат нашите граѓани да ги остварат своите права кои им следат како жители на главниот град – рече градоначалничката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот