Арсовска: Галијата е завршена работа и ќе продолжи да се урива

Галија рушење
Галија рушење /Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска вели дека галијата е завршена работа и дека таа ќе продолжи да се урива. Арсовска соопшти дека има потпишано извршно решение од нејзиниот претходник Петре Шилегов.

„Таму се постапува. За другите две треба да видам како стојат работите, до каде се постапките па потоа ќе се одлучи што ќе се прави. Јас не би урнала ништо“, кажа Арсовска.

Пред неколку дена сопственикот на бродот објави видео како ги брка со навреди и псовки работниците кои работат на уривањето.

Бродот „Среќа“ почна да се урива уште на почетокот на годината. Сопственикот на бродот го тужи Град Скопје бидејќи според него, просторот бесправно се урива.

Ексградоначалникот Петре Шилегов на почетокот на уривањето соопшти дека сите услови за нејзиното отстранување се исполнети односно сопственикот немал платено три кирии, што според договорот овозможува негово раскинување. Шилегов ја почна постапката за уривање и на бродот кај МЕПСО, но за него сè уште нема извршно решение поради тужба на сопственикот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот