Арсенал замената за Озил ја најде во Реал Мадрид

epa08916110 Real Madrid's midfielder Martin Odegaard (L) vies for the ball against Celta's midfielder Denis Suarez (R) during the Spanish LaLiga soccer match between Real Madrid and Celta de Vigo at Alfredo Di Stefano in Madrid, Spain, 02 January 2021. EPA-EFE/Emilio Naranjo

На Арсенал не му требаше многу за да пронајде замена за најскапото промашување во историјата, Месут Озил, тоа ќе бе биде фудбалерот на Реал Мадрид, Мартин Едегард.

Преговорите со „кралскиот“ клуб се завршени, сите детали се договорени, а за трансферот, односно позајмицата да се официјализира потребно е Едегард утре да ги помине лекарските прегледи.

Според мадридски „Ас“ и лондонски „Тајмс“, Едегард доаѓа на петмесечна позајмица без право на откуп бидејќи Реал Мадрид не сака да се откаже од фудбалерот кој има договор на уште три и пол години.

Иако за Едегард нема место во тактичките замисли на тренерот Зинедин Зидан, претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез смета дека со евентуално заминување на Французинот од клупата, младиот фудбалер ќе добие вистинска шанса и ќе биде еден од носителите на тимот во иднина.

Поради тоа, Перез ги одби двата предлози на Реал Сосиедад да позајмица бидејќи баскискиот тим сакаше во договорот да се вметне опција за откуп.
Перез се одлучи да ја прифати понудата на Арсенал кој понуди два милиони евра за петмесечна позајмица и се согласи да ја преземе во целост платата на фудбалерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот