Арсенал во „криза“, Лестер сонува нова титула! (ВИДЕО)

фото/твитер

Кризата во редовите на „топчиите“ е продолжена и на гостувањето кај „лисиците“, кои напаѓаа, имаа дури 19 шутеви кон голот на ривалот и на крајот заслужено двапати стрелаа во мрежата на Арсенал.

Тоа прв го направи Џејми Варди, кој игра како и онаа сезона (2015/16) кога Лестер беше шампион на Англија. Ги доведе домаќините во водство во 68. минута.

Само седум минути подоцна предност беше зголемена преку фантастичниот млад играч за врска, Џејмс Медисон, идната голема надеж на англискиот фудбал.

До крајот Арсенал немаше можност да се врати и ќе остане на шестото место со 17 освоени бодови, додека Лестер е второпласиран во генералниот пласман со 26.

Претходно Челзи ја отвори саботната програма со триумф на домашен терен против Кристал Палас.

Премиер лига, 12. коло

Сабота, резултати –

Челзи-Кристал Палас 2:0
Барнли-Вест Хем 3:0
Њукасл-Борнмут 2:1
Саутемптон-Евертон 1:2
Тотенхем-Шефилд јунајтед 1:1
Лестер-Арсенал 2:0

Табела:

1.Ливерпул 31 бод
2.Лестер 26
3.Челзи 26
4.Манчестер сити 26
5.Шефилд јунајтед 17

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот