Арсенал веќе преговара со Реал Мадрид за Иско

Иско би можел да ја продолжи кариерата во редовите на Арсенал/Фото: EPA-EFE/Juanjo Martin

Арсенал и Реал Мадрид се во постојан контакт околу евентуалниот трансфер на Иско во клубот од „Емирати“. Договорот на Шпанецот со „кралевите“ истекува по крајот на сезоната, но „топџиите“ сакаат да го ангажираат веќе во јануари.

Лондонскиот премиерлигаш нуди да ја обезбедува платата на Иско до крајот на договорот со Реал, но да не плати трансфер за играчот од средниот ред.

Уште во текот на минатото лето менаџерот на Арсенал, Микел Артета сакаше да го доведе Иско, но тогаш двата клуба не се договорија.

Наместо тоа, Арсенал го финализираше постојаниот трансфер на уште еден поранешен играч на Реал – Мартин Јодегор.

За Иско се вели дека е заинтересиран и за Њукасл, овој 29-годишниот играч досега во најсилниот шпански шампионат има шест настапи и еден погодок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот