Арсенал уште еднаш ги разочара навивачите (ВИДЕО)

фото: твитер

Брајтон направи целосен пресврт против „топчиите“, до важниот триумф дојде во самиот финиш од средбата.

„Топчиите“ пред пандемијата на коронавирус во најсилното англиско првенство имаа три победи по ред, но после паузата, како да исчезнаа нивните добри игри.

После убедливиот пораз во дербито на Премиер лигата од Манчестер сити (3:0), и денеска лондонскиот клуб загуби овој кај Брајтон со 2:1.

Во 68 минута со еден прекрасен погодок Пепе стрелаше во мрежата на Рајан, но екипата на Потер се погрижи за целосен пресврт. Прво дојде до израмнување благодарение на среќниот погодок преку Данк во 75 минута, а во самиот финиш (90+5) конечниот епилог го постави Мопеј.

Три важни боди во битката за опстанок за Брајтон кој ја прекина серијата без триумф и моментно е во сигурната зона на 15 место со 32 бодови, додека Арсенал направи чекор во походот кон позициите кои водат во Европа, па моментно е на деветтото место со 40 бодови.

Саботната програма стартуваше со дуелот Ватфорд-Лестер (1:1), а ќе заврши со мечевите Вест Хем-Вулверхемптон (18.30 часот) и Бурнмаут-Кристал Палас (20.45 часот).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот