Арсенал се спаси од нов срам (ВИДЕО)

twitter/UEFA Europa League

„Топчиите“ на гостувањето во Лиеж кај Стандард одиграа 2:2 и тоа благодарение на головите на Лаказет и Сака во 78. и 81. минута. Претходно белгискиот тим поведе со 2:0 со головите на Бастиен и Амалах.


Во истата група Ф, Ајнтрахт загуби со 2:3 но бидејќи Стандард не победи, го освои второто место и ќе игра во наредната фаза.

Гостите постигнаа гол за водство од 1:0, по што Франкфурт направи пресврт и стигна до 2:1 преку Да Коста и Камада во првите 45 минути. Сепак, португалскиот тим во финишот од мечот ги шокираше домаќините и преку Елмусрати и Едвардс ги поставија конечните 3:2.


Лацио загуби на гостувањето кај францускиот Рен со 2:0 и го заврши настапот во најмасовното европско фудбалско натпреварување. Стрелец за головите за Рен беше Гањон во 31. и 87. минута.

Резултати:

Група А:

АПОЕЛ Никозија – Севиља 1:0
Карабак – Дуделанж 1:1

Табела
Севилја 15, АПОЕЛ 10, Карабаг 5, Дуделанж 4

Група Б:

Динамо Киев – Лугано 1:1
ФК Копенхаген – Малме 0:1

Табела
Малме 11, Копенхаген 9, Динамо Киев 6, Лугано 5

Група Ц:

Базел – Трабзонспор 2:0
Хетафе – Краснодар 3:0

Табела
Базел 13, Хетафе 12, Краснодар 9, Трабзонспор 1

Група Д:

ЛАСК – Спортинг Лисабон 3:0
ПСВ Ајндховен – Розенборг 1:1

Табела
ЛАСК Линц 13, Спортинг 12, ПСВ 8, Розенборг 1

Група Е:

ЦФР Клуж – Селтик 2:0
Рен – Лацио 2:0

Табела
Селтик 13, Клуж 12, Лацио 6, Рен 4

Група Ф:

Ајнтрахт Франкфурт – Виторија Гимараеш 2:3
Стандард Лиеж – Арсенал 2:2

Табела
Арсенал 11, Франкфурт 9, Стандард Лиж 8, Гимараеш 5

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот