Арсенал понижен на „Емирати“: Де Брујн одржа час по фудбал! (ФОТО+ВИДЕО)

фото:твитер

Актуелните шампиони во Премиер лигата за едно полувреме го разбија домаќинот Арсенал и ја продолжија агонијата на „топчиите“, 0:3 после првите 45 минути.

Делуваше дека тимот на Фредерик Љунгберг да се постави малку посилно против не така доминантните „граѓани“ кои доволно пати кикснаа оваа сезона, па имаат дури 14 бодови помалку од водечкиот Ливерпул.

Но, тоа не се случи, составот на Пеп Гвардиола предводен од одличниот Де Брујн поведе уште во втората минута со прецизниот шут на белгискиот интернационалец.

Стерлинг зголеми во 15. минута од средбата на „Емирати“ стадионот во Лондон после асистенцијата на Де Брујн кој пак својот втор погодок во натпреварот го имаше во 40. минута.

Арсенал имаше само шест удари во денешниот пораз, најмалку досега во еден домашен премиерлигашки дуел од декември 2008. година против Ливерпул (исто така шест).

Воедно веќе шест натпревари се без победа на „Емирати“ во сите натпреварувања (трипати нерешено, трипати поразени), нивната најдолга серија без домашен триумф од периодот меѓу декември 1994 и февруари 1995 год. под раководство на Џорџ Грахам (осум мечеви).

Претходно неделната програма започна двата меча во кои Манчестер јунајтед одигра нерешено со Евертон (1:1), а Тотенхем славеше на гостувањето кај Вулверхемптон.

В понеделник ќе се одигра и последниот дуел од 17. коло, Кристал Палас од 20.45 часот е домаќин на Брајтон.

На табелата води Ливерпул со 49 бодови, пред Лестер (39), Манчестер сити (35), Челзи (29), Тотенхем (26), Манчестер јунајтед (25)…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот