Арсенал нема пораз во 2020, а најголемото изненадување доаѓа од Италија

фото: твитер

Последниот пораз „топчиите“ го имаат на 29 декември на домашен терен од екипата на Челзи со резултат 1:2 и така со пораз ја завршија 2019 година.

Оттогаш па досега фудбалерите на Арсенал предводени од менаџерот Микел Артета на девет мечеви во сите натпреварувања не знаат за пораз, односно имаат учинок од пет победи и четири нерешени средби.

Последниот пораз „топчиите“ го имаат на 29 декември на домашен терен од екипата на Челзи со резултат 1:2 и така со пораз ја завршија 2019 година.

Во четвртокот играчите на менаџерот Артета триумфираа минимално со 0:1 во првите 90 минути од 1/16 финалето на Лига Европа на гостувањето кај грчкиот Олимпијакос, односно веќе три натпревари не знаат за примен гол.

Од Топ 5 европските фудбалски лиги (Англија, Франција, Германија, Шпанија, Италија), Арсенал и изненадувањето од Серија А, Верона чија серија без порази стартуваше од 15 декември минатата година, во девет натпревари има четири победи и пет ремија за моментно шесто место во италијанскиот шампионат.

Многу врвни екипи веќе го вкусиле поразот во 2020 година, како Ливерпул, Јувентус, Реал Мадрид, Барселона, Манчестер сити, ПСЖ…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот