Арсенал нема да му понуди нов договор на Озил!?

twitter/Arsenal

Главен проблем на Германецот во редовите на премиерлигашкиот гигант е неговата огромна плата од 350.000 илјади фунти неделно.

Иднината на германскиот интернационалец во лондонскиот клуб станува сè понеизвесна. Арсенал во оваа фаза не му понуди продолжување на соработката, а сегашниот договор истекува во 2021 година.

Минатото лето премиерлигашот беше блиску да се раздели со Месут Озил да се разделат со него, но трансфер не се случи.

После пристигнувањето на Микел Артета во декември, Германецот започна да игра редовно. Но, ова не ја смени позицијата на раководството, кое не е сигурно дека сака да го задржи.

Негов главен проблем е неговата огромна плата од 350.000 фунти неделно. Тој повторно потпиша под овие услови во јануари 2018 година и од тогаш оваа одлука на „топчиите” доби сериозна критика.

Во тоа време, остануваа шест месеци до истек на договорот, а клубот се раздели со Алексис Санчез. На Арсенал им беше извршен притисок да не изгубат уште една ѕвезда и ја нарушија структурата на платите за да го задржат Германецот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот