Арсенал ќе стане шампион на Англија со 95 бода, вели суперкомпјутерот

Фото: EPA-EFE/Andy Rain

Ретко кој пред почетокот на сезоната очекуваше Арсенал да биде конкурентен за титулата во Премиер лигата, но „топџиите“ во овој момент се лидери во најсилната англиска конкуренција и на добар пат по долго време да слават титула.

На десет кола пред крајот на сезоната Арсенал има осум бодови повеќе од Манчестер Сити, но и натпревар повеќе од „граѓаните“. Познати се пресметките на суперкомпјутерот за тоа кој ќе биде нов шампион, па според најновата пресметка на Островот, „топџиите“ ќе ја задржат предноста.

Во пресметката биле земени аналитички податоци како очекувања за постигнати голови и асистенции, а по 100.000 симулации резултот бил дека Арсенал ќе освои 95 бода и за пет бодови ќе биде пред Манчестер Сити.

Не се очекува никаква драматична завршница, барем според ваквите пресметки. Ако Арсенал стигне до титулата, тоа за овој тим ќе биде вкупно 14-та, а прва уште од 2004 година.

Во топ четири би завршиле уште Манчестер Јунајтед со 74 бодови и Тотенхем со 69, Ливерпул како петти со 66 бодови би обезбедил место во Лига Европа, а Њукасл и Брајтон со по 65 бода на шестата и седмата позиција би ги пополниле местата кои водат во Конференциската лига.

Кога е долниот дел во прашање од лигата испаѓаат Саутемптон како последен, Евертон како 19-ти и Нотингем како 18-ти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот