Арсенал ќе пазари во Кина – Слободен печат
СпортФудбал

Арсенал ќе пазари во Кина

Менаџерот Унаи Емери би можел да добие квалитетен  фудбалер за пристојна цена.

Екипата на Арсенал трета година по ред нема да биде дел од Лигата на шампионите и менаџерот Унаи Емери е решен да стави крај на црната серија со ангажман на екстра засилувања.

Првото засилување се очекува да дојде од Кина, Јаник Караско.
Белгискиот репрезентативец веќе ги договорил личните услови со „топчиите“ и се очекува во најскоро време, Арсенал да се договори и со кинескиот прволигаш Далијан околу обесштетувањето.

Според италијанските медиуми кои ги следат случувањата околу трансферот на Караско поради интересот и на двата милански тима, Интер и Милан, прашање на денови е кога Арсенал ќе го официјализира трансферот.  Далијан бара 30 милиони евра, сума која е прифатлива за Арсенал за да го добие поранешниот фудбалер на Атлетико Мадрид.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close