Арсенал ја забележа и третата победа во низа! (ВИДЕО)

фото: твитер

Денеска во рамките од 33 коло во најсилното англиско првенство екипата на Арсенал ја забележа и третата победа по ред реализирана на гостувањето кај Вулверхемптон со 0:2.

Во 43 минута Сака искористи една одбиена топка во казнетиот простор на ривалите и ја испрати топката во мрежата на Патрисио.

„Топчиите“ своите три бода ги потврдија во 86 минута, Вилок убаво го пронајде Лаказет кој од непосредна близина се запиша во листата на стрелците.

Лондонскиот клуб ја одржува трката за настап на меѓународната сцена, моментно составот на Артета е на седмото место со 49 бодови, три помалку зад Вулверхемптон, а Челси е на петтото место со 54 бодови, позиција која води во Лига Европа, а четвртопласиран е Манчестер јунајтед (55) место кое носи Лига на шампиони.

Манчестер јунајтед стана „гол-машина“ во Премиер лигата! (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот