Арсенал ја стави понудата на маса, се чека одговор од Обамејанг

twitter/Arsenal

Договорот на Пјер-Емерик Обамејанг со Арсенал истекува идното лето, а во лондонскиот клуб работат на негово обновување. Според „Телеграф“, Арсенал подготви понуда со која одличниот напаѓач ќе има неделна плата од 275.000 евра, односно 14.25 милиони евра годишна плус дополнителни бонуси кои засега не се објавени.

Тренерот Микел Артета бараше од управата што побрзо да седне на преговарачка маса и нагласи дека Обамејанг му е најважниот играч во неговите планови за новата сезона.

Исто така челниците на екипата ќе мора да го убедат Обамејанг дека местото на Артета е зацементирано и дека ќе добие слобода во трансферите и време за да го врати клубот во врвот на англискиот фудбал.

Обамејанг ужива во системот на игра на Артета и „Телеграф“ пишува дека тој сериозно размислува да остане во Арсенал.
Со новиот договор одличниот Габонец ќе има за три милиони евра поголема плата од актуелната, но нема да биде најдоброплатен играч во Арсенал бидејќи Месут Озил добива неверојатни 20 милиони евра за седење на клупа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот