АРСЕН, отровот што го „убива“ липковско Лојане

Принтскрин

За разлика од многу населени места кои немаат воопшто вода за пиење, во Лојане, Липково, има вода, но жителите се плашат да ја користат. Високото присуство на отровот арсен во водата ги тера да бараат друго решение. Многу од жителите на ова село, со 600 куќи, се снабдуваат со вода од чешмите или бунарите во селото Ваксинце, јавува ЛајмТВ.

Според истиот медиум проблемот со присуството на арсен датира од 1970 година, кога рудникот на Лојане беше затворен, а на тоа место беше формирана депонија од остатоците од метали. Сепак, жителите само пред пет години го откриле ризикот од присуство на арсен, кој преку дождовите се пренесува во водата. Според ЛајмтТВ, сите анализи што ги направиле во различни лаборатории во земјата и странство покажале висок степен на присуство на арсен во водата. Во некои случаи присуството е дури над 200 пати повисоко отколку што е дозволено.

Во близина на рудникот се наоѓа и основното училиште „Рилиндја”, каде учат околу 400 ученици. За нив лошиот мирис од арсен веќее секојдневие.

„Свесни за големиот ризик по нивното здравје, жителите бараат што порано да се поврзат со системот за водоснабдување кој доаѓа од браната во Липково, што се гледа како решение за проблемот. Исто така, жителите на Лојане бараат да биде исчистена депонијата создадена од металните отпади во близина на рудникот, за што според една анализа се потребни над 4 милиони евра”, јавува ЛајмТВ.

Медиумот потесетува дека, како еден од најопасните отрови, арсенот може да биде причина за многу тешки болести како што се леукемија, рак или срцеви заболувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот