Арон Тејлор-Џонсон ќе биде новиот Џејмс Бонд?

Англискиот актер Арон Тејлор-Џонсон, наводно, е главниот фаворит кој ќе го замени Даниел Крег во улогата на тајниот агент Џејмс Бонд.
Според написите во светските медиуми, Тејлор-Џонсон учествувал на тајна филмска аудиција во студиото Пајнвуд и ја воодушевил филмската продуцентка Барбара Броколи.
„Во септември, Арон се појави на аудиција за да стане следниот Бонд и многу им се допадна на продуцентите и на Барбара. Тој е еден од фаворитите за улогата“, рекол анонимен извор за „Сан“.
View this post on Instagram
Исто така, медиумите пишуваат дека актерот Идрис Елба се откажал од преговорите да стане Џејмс Бонд, а како потенцијални кандидати за улогата на најпознатиот фиктивен агент на британската тајна служба се спомнуваа и актерите Хенри Кавил, Том Харди и Џејми Дорнан.
Тејлор-Џонсон ја започна својата актерска кариера во телевизиската серија „Armadillo“ во 2001 година, а се стекна со светска популарност со улогата во биографскиот филм за Џон Ленон – „Nowhere Boy“ (2009).
За време на снимањето на филмот „Nowhere Boy“, 32-годишниот актер ја започна љубовната врска со режисерката Сем Тејлор-Џонсон (55), со која се во брак веќе десет години и имаат две деца.
View this post on Instagram