Арон и Лора го претвориле своето комбе во рустикална оаза и сега патуваат со стил

Сакате да патувате, но исто така сакате да уживате во рустикалната автентичност на кабина? Ги комбинирате двете и го следите примерот од оваа инспиративна двојка.

Instagram

Арон и Лора од Велика Британија купиле комбе за да можат да патуваат со него и да го истражуваат светот, воопшто не грижејќи се каде ќе преспијат и дали ќе најдат место во некој мотел покрај патот. Дошле на идеја да си го направат своја подвижна куќичка.

Instagram

Младата двојка од Велика Британија, купиле сиво „Minus Sprinter“ и го претвориле во рустикална кабина за уживање. За подвижната куќа потрошиле околу 10.000 фунти и сега секое возење со комбето е авантура за паметење.

Instagram

Прво, тие сами ја смениле бојата на комбето затоа што понудата што ја добиле од професионалци, била прескапа. Купиле две бои, цимет портокалова и крем. За неколку дена го исфарбале комбето најдобро што можат.

Instagram

Тие одлучиле да стават изолација во рустикален стил, со дрво, па затоа купиле и користен даб ламинат. За да го продолжат рустикалниот стил, Лора и Арон решиле да користат дрво од палети за покривот на комбето кое ги добиле бесплатно од локални добавувачи. Иако дрвото додава голема тежина на покривот, Арон објаснил дека тоа не го менувало начинот на кој вози комбето.

Instagram

Кога дошло време да купат душек за рамката на креветот што сами ја направиле, тие долго размислувале дали и душекот да го да направат сами. Но, сепак се одлучиле за душек со мемори пена кој случајно го виделе на оглас на фејсбук.

Повеќето работи ги купувале од локални продавници и „second hand“ продавници. Скоро целиот ентериер на комбето бил или пронајден или купен на старо, со цел да заштедат пари.

Instagram

Покрај тоа, некои работи ги направиле или реобликувале сами. Дури и стаклените тегли, книги, украси на нивните полици биле купени на старо.  Да се има проточна вода било од суштинско значење, па Арон и Лора инвестирале во резервоар од 20 литри. Тие го инсталирале во шкаф под мијалникот. Купиле и користени ормани за складирање храна.

Instagram

Арон и Лора не се експерти кога станува збор за претворање на комбе во подвижна куќа. Иако користеле неконвенционални методи, тие сепак го постигнале она што го сакале. Потрошиле многу време и напор во внимателно избраните детали, но затоа сега секој дел од нивното комбе раскажува некаква приказна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот