Ароматичен пијалак: За што е корисно какаото и кога да се избегнува?

какао
Фото: Unsplash

Ароматичниот какао пијалак освен што има богат вкус е многу корисен за организмот, односно го стимулира и тонизира, а тоа е поради главните состојки теобромин и кофеин.

Теоброминот помага во побрзо опоравување на физичката сила на организмот, особено во случај кога сте под стрес и напор. Според специјалистите оваа состојка најмногу влијае на централниот нервен систем.

Покрај тоа какаото содржи витамини А, Ц, како и витамини од групата Б и многу минерали. Релативно е богато со фосфорни и калиумови соли, но е сиромашно со калциум. Калиумот во какаото има извонредно благотворно дејство на кардиоваскуларниот систем. А пектинот кој го има во неговиот состав делува добро на функционирањето на органите за варење.unsplash

Но колку и да е корисно какаото, не треба да се претерува со негова консумација бидејќи доведува до несакани состојби. Преголема количина може да ја иритира слузокожата на желудникот, да го оптерети црниот дроб и жолчните патишта.

Треба да го избегнуваат луѓе кои имаат проблеми со бубрезите и кои се склони кон создавање на песок и камен во тие органи. Причина е високиот процент оксална киселина и дируетскиот ефект кој го има. Не се препорачува да е пие на гладно. А според некои специјалисти треба да го избегнуваат трудниците и доилките, бидејќи ако се пие многу предизвикува одземање на калциумот од
организмот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот