Арогантните Американци добија предизвик: Доколку постигнат 10 гола во ракомет добиваат бесплатен одмор

Поранешниот НФЛ играч, Џеј Катлер, и новинарите на популарната емисија „Highly Questionable“ на ЕСПН телевизијата, го потценија ракометот, а сега добија неколку предизвици.

Во емисијата зборуваше поранешниот квотербек на Чикаго, Џеј Катлер, кој порача дека ракометната репрезентација на САД во која би биле играчи како него и Леброн Џејмс и Патрик Махомс, без проиблеми би го освоиле златниот медал на Олимписките игри.

– Слушнав дека тој ракомет се игра на Олимписките игри и мислам дека би бил добар во тој спорт. Се игра со мала топка која ја додаваш со соиграчите и потоа шутираш кон голот. Тоа е како фудбал во сала кој се игра со раце – рече Катлер и додаде дека размислува да започне да тренира ракомет.

Водителите на емисијата „Highly Questionable“ отидоа чекор понатаму во потценувањето на ракометот и порачаа дека САД со Леброн Џејмс, НФЛ ѕвездата Патрик Махомс и Катлер сами би го освоиле олимпиското злато притоа зборувајќи дека не постои ниту една 80-годишна личност што сака да игра ракомет бидејќи тоа бил спорт со кој се занимаваат спортисти кои не успеале во фудбалот, кошарката и НФЛ.


На ваквиот арогантен однос на новинарите и Катлер, први реагираа НБА кошаркарите Лука Дончиќ и Јусуф Нуркиќ, а потоа се јавија и ракометарите. Жесток одговор дојде од Никола Карабатиќ кој им порача на Американците дека ќе им го даде неговиот златен медал од ОИ доколку ја победат неговата екипа.


Потоа се јавија и Ласе Сван, Каспер Мортенсен, како и ЕХФ која почна да прави екипа за пресметка со Катлер и неговиот тим: „Кој е за тоа да одиграме натпревар против Катлер и неговата екипа за злато на ОИ“, се запраша ЕХФ.


Последниот одговор дојде од селекторот на ракометната репрезентација на САД, Роберт Хедин, славниот шведски ракометар кој во 1990 години како играч освои европско злато, два пати беше сребрен на ОИ и има бронзен медал од СП.


Хедин на Катлер и на водителите им постави предизвик, ги повика да состават екипа од професионални спортисти кои не се ракометари и четири месеци да се подготвуваат со професионален тренер кој би им ги објаснил правилата. Хедин не верува дека таквата екипа би постигнала повеќе од 10 голови за време на целиот натпревар и поради тоа им вети дека доколку го исполнат предизвикот ќе добијат бесплатен одмор во Норвешка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот