Арнолд Шварценегер стана дедо!

Instagram

Глумецот Арнолд Шварценегер стана дедо. Неговата ќерка Кетрин Шварценегер и нејзиниот сопруг актерот Крис Прат го добија првото дете, пренесува Дејли мејл.

Шварценегер и Кетрин

Веста ја потврди синот на Шварценегер, Патрик.

„Супер се, само што ѝ купив мал подарок“, рекол Патрик додека му честитале што станал вујко.

Тој го покажал и подарокот што го купил, со розева лента, поради што многумина почнаа да претпоставуваат дека станува збор за девојче, иако досега не е потврдено.

Арнолд Шварценегер и Марија Шрајвер, како и братот и сестрата на Кетрин исто така го посетиле домот на Кетрин и на Крис, иако сè уште не се огласија.

 

Кетрин Шварценегер и Крис Прат
Instagram

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот