Арнолд Шварценегер нападнат на настан во Јужна Африка (ВИДЕО)

Бившиот гувернер на Калифорнија разговарал со фановите на спортскиот настан „Арнолд класик Африка“, кога еден маж го удрил во грбот.
Напаѓачот е фатен по инцидентот.

Шварценегер на Твитер им се заблагодарил на фановите што се грижат, но додал дека нема причини за грижа.

На видеоснимката која стана вирална на социјалните мрежи се гледа дека Шварценегер позирал за фотографирање на настан во Јоханесбург во саботата, кога човек го удрил во грбот.

Ѕвездата на „Терминатор“ се засопнала нанапред по ударот, напаѓачот паднал, а од обезбедувањето веднаш го фатиле.
Подоцна бил предаден на полицијата.

Шварценегер со повеќе од 4 милиони негови следбеници на Твитер поделил: „Мислев дека толпата ме турка, што често се случува. Сфатив дека сум нападнат дури кога ја видов снимката како и сите вие.“

Подоцна ги повикал своите фанови вниманието да го насочат на настанот наместо на нападот.
„Овде во Јужна Африка на @ArnoldSports имаме 90 спортови и 24.000 спортисти од сите возрасти и способности кои сите нас нè инспирираат да станеме од кревет. Ајде да ги ставиме во центарот на вниманието“, напишал тој на Твитер.

Манифестацијата „Арнолд класик Африка“ се одржува секој мај и има низа случувања, вклучувајќи и бодибилдинг и борбени спортови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот