Армиски хеликоптер се вкчучува во гаснење на пожарот меѓу Дојран и Богданци

Пожари Фото: ДЗС

Се разгорува пожарот кај селото Фурка, поради што е испратен хеликоптер за да помогне за негово гаснењето, соопштија од Центарот за управување со кризи.

„Пожарот кај с.Фурка помеѓу општина Дојран и Богданци е активен и добива посериозен интензитет. Се движи од брана Паљурци кон планината Карабалија по региионалниот пат Богданци – Дојран во ширина од 300 до 400м.Гори деградирана шума-прнар, а на места има и борова шума“, појаснуваат од ЦУК.

Оттаму велат дека градоналалниците од двете општини побарале помош од хеликоптер на Армијата, кој веќе е испратен кон Богданци. Појаснуваат дека пожарот поради ветерот, брзината на движење и променливиот правец кој веќе неколку пати ја менува насоката. Притоа го опфатил и сртот на ридот кој е природна граница помеѓу двете општини, поради што се работи за непристапен и тежок терен без патна инфраструктура.

Пожарот го гаснат триеесетина пожарникари од Гевгелија, Дојран,Кавадарци и Валандово, а на помош им се и комуналните и шумските служби.

За денеска е најавено многу топло време, со ветер и можност за краток пороен дожд во попладневите часови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот