Армин Лашет е наследник на Меркел во ЦДУ

Актуелниот премиер на германската провинцијата Северна Рајна-Вестфалија, Армин Лашет е избран за претседател на Христијанско-демократската унија (ЦДУ).

Лешет е избран за наследник на германската канцеларка Ангела Меркел, која 16 години беше на чело на ЦДУ.

Собранието на ЦДУ што требаше да се одржи во декември беше одложено поради епидемиолошката состојба во земјата. Денешното Собрание се одржува во дигитална форма.

Претенденти за лидерското место беа поранешниот министер за животна средина, Норберт Ретген и шефот на парламентарната група на ЦДУ во Бундестагот, Фридрих Мерц.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот