Армијата со 195 припадници вклучена во обезбедување на болниците низ државата

Армија на РСМ фото архива на Слободен печат

Заклучно со вчерашниот ден вкупно 195 припадници на Армијата се вклучени во обезбедување на ред и дополнителна безбедност на болниците низ државава. Освен во Скопје, припадници на Армијата се распоредени и во центрите кои згрижуваат ковид пациенти во Дебар, Гевгелија, Кавадарци, Кочани, Куманово, Гостивар, Охрид, Прилеп, Струга, Струмица, Велес, Кичево…

– Во најголем дел од центрите кои прифаќаат ковид пациенти, имаме припадници на Армијата согласно планот што го прави Армијата заедно со Министерството за внатрешни работи. Дополнително во понеделник, 12 специјалисти и 20 медицински сестри ќе се вклучат во болниците во Скопје како подрршка на цивилно-здравствениот персонал, соопшти министерката за одбрана Радмила Шекеринска, одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција во Владата.

Во однос на тоа дека има поплаки оти припадниците на Армијата не придонесуваат за воспоставување на ред во болниците и чекаат насоки од обезбедувањето на болниците, Шекеринска со став дека Армијата постапува исклучиво по инструкциите кои произлегуваат од оперативните планови.

– Апсолутно е недозволено и нелогично војска да прима насоки од приватно обезбедување и тоа во никој случај не е така. Она што војската го прима се иструкции кои доаѓаат од Штабот и иструкции кои доѓаат од оперативните планови што ги работи МВР заедно со претставници на Генералштабот, нагласи Шекеринска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот