Армијата се РЕФОРМИРА, „Волците“ и „Ренџерите“ СТАНУВААТ и разузнувачи

Пред десетина дена почнало армиското расформирање, дознава „Слободен печат“. Извори брифираат дека дел од припадниците на Ренџерскиот баталјон самоволно прифатиле да бидат преместени во други сектори. Расформирањето било за логистичкиот кадар, кој е предвидено да биде под капата на Генералштабот на АРМ.

„Волците“ и „Ренџерите“ се спојуваат во Баталјонот за извидување, разузнавања, набљудување и определување на цели (ИРНОЦ). Под палката на Оперативната команда, сместена во Куманово, ќе биде и Полкот за специјални сили, кој, со Стратегијата на министерството, ќе се трансформира во Баталјон на специјални сили. Тие веќе нема да бидат под капата на Генералштабот на АРМ. Во Стратегијата пишува дека ќе извршуваат специјални задачи во согласност со доктрината и практиката на специјалните сили на НАТО. Покрај командата, Баталјонот ќе се состои од две чети на специјални сили (од тимски состав) и логистички вод.

– Баталјонот за специјални намени, познатите „Волци“ и Ренџерскиот баталјон, сега применуван во Баталјон за извидување, разузнавање, набљудување и определување цели ќе постојат, но под капата на Оперативната команда, односно во моментов наречена Здружена оперативна команда. Овие две единици се високо ценети во Армијата, но и кај нашите партнери и идни сојузници во НАТО – Алијансата и не само што нема да ги згаснеме, туку дополнително правиме напори тие да бидат уште поквалификувани, со уште поголеми вештини и знаења, уште поопремени – велат од Министерството за одбрана за „Слободен печат“.

Стратегијата именувана, „Кон членство во НАТО и „Идни вооружени сили 2028“,сега почнува да се реализира и ќе треба да се имплементира во рок од 9 години. Последната Стратегија на министерството за одбрана беше од 2012 година.

На армискиот сајт веќе не пишува кој е командант на Ренџерскиот баталјон. Но, полињата како за мисиите и целите, историјатот и фотогалеријата се пополнети. Со „Ренџерите“, сепак, од 14 август командува Ментор Саити.

Принтскрин

На интернет страницата на АРМ е наведено дека Ѓорѓи Вељовски е командант на „Волците“, а Методи Хаџи-Јанев на Полкот за специјални операции.

Универзитетскиот професор за безбедност, Александар Нацев, објави дека шефот на државата Стево Пендаровски и министерката за одбрана Радмила Шекеринска, планирале да го расформираат армискиот Пок за специјални операции.

– Идејата да се покаже пред албанскиот електорат дека Албанци ќе бидат дел од БСН Волци (главната причина заради која се растура Полкот за специјални операции) е само фасада на задоволувањето на потребите на ДУИ. Внимавајте!!! Не сите Албанци и останати припадници на етничките заедници ќе можат според планот на Пендаровски и Шекеринска да станат дел од десеткуваните специјални единици. Таа привилегија ќе ја имаат само оние за кои ДУИ ќе даде зелено светло – напиша на „Фејсбук“ пред два дена универзитетскиот професор Александар Нацев.

Од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски кој е врховен командант на АРМ велат дека веќе ја потпишал Стратегијата. За „Слободен печат“ информираат дека Пендаровски ќе ги поддржува сите чекори насочени кон подобар квалитет на условите за живот и работа на војниците, нивната опременост и подготвеност, цели кои се уште позначајни во пресрет на нашето членство во НАТО.

– Соодветната и правична застапеност на сите заедници во Армијата е принцип кој мора да се зачува. Иако претседателот нема надлежност над поединечните конкурси за вработување на припадници на Армијата, како врховен командант поддржува политики преку кои ќе се овозможи соодветна и правична застапеност на сите заедници во Армијата и принципот – кој и да е војник, на кое било место на кое ќе конкурира да биде избран исклучиво врз основа на своите способности – информираат од Кабинетот на Пендаровски за „Слободен печат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот